Published: Wednesday, January 8, 2014 10:54
Приведен е кавадарчанец за претепувањето што заврши со смрт на негов сограѓанин, млад наркозависник, јавува МИА.
„Во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци приведено е лице во врска со претепувањето и убиството од пред неколку дена. Приведеното лице е од Кавадарци и во моментов се работи со него“, соопшти pортпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Дејан Димитриевски (32) од Кавадарци почина на 30 декември во кавадаречката болница откако претходно беше претепан. Димитриевски во многу лоша положба беше пронајден во подрумските простории на зградата во која живеел. Лекарите во општата болница во Кавадарци интервенираа брзо, но момчето за кратко време им подлегна на повредите.




