Московската полиција го приведе лидерот на руската опозиција Алексеј Навални воочи протестите во рускиот град Нижњи Новгород.
Навални објави на Инстаграм дека полицајците дошле пред неговиот дом и го замолиле да дојде со нив во полициска станица.
Тој планирал да патува од Москва за Нижњи Новгород на протестите закажани за денеска.
Полицијата соопшти дека лидерот на руската опозиција е приведен поради повикот на недозволен собир, пренесува агенцијата Тасс.
Организаторите на протестите добиле дозвола од властите на Новгород да одржат протести.
Навални, кој е остар критичар на Кремљ и еден од најпопуларните опозициски политичари во Русија, минатата година најави дека ќе се кандидира на пртседателските избори. Во руските региони во тек е кампања за поддршка на неговата кандидатура.