Published: Saturday, May 2, 2015 00:09
Вечерва е приведен директорот на Паркинзи на Општина Центар и член на СДСМ, Саша Богдановиќ, но повеќе детали не се соопштуваат.
Богдановиќ во моментов е во Полициската станица Беко, каде дава изјава и во секој момент се очекува да излезе, велат за НОВА од групата навивачи на Работнички и симпатизери на СДСМ, како што јавува репортерката Сашка Цветковска.
Пред станицата Беко има 30. луѓе кои го чекаат и како што велат, ќе даде изјава за медиумите.
Тие не знаат како дошло до инцидентот и зошто е приведен Бодановиќ. Приведувањето се случило после натпреварот

Фото- Сашка Цветковска, НОВА: Симпатизери на СДСМ и навивачи на Работнички пред полициската станица Беко

Фото: Саша Богдановиќ, од неговиот Фејсбук профил, пред 4 часа




