Пред угостителски објект на ул.„Новачки Пат“, вчера околу 22.00 часот, полициски службеници од СВР Битола – Одделение за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода Н.П.(42) и К.Т.(33), двајцата од Битола.
Осомничените како што информираат од МВР биле затекнати додека Н.П. му продава кокаин и марихуана на К.Т. и притоа кај нив биле пронајдени кокаин, марихуана, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
И две лица од Куманово вчера биле приведени откако полицијата при претрес ги затекнала како пакуваат марихуана, а покрај тоа биле пронајдени и разни други видови наркотици.
– На 15.06.2022 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода Н.В.(22) од с.Тромеѓа, кумановско и Д.Ј.(19) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.