Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приведени странски државјани, поднесена кривична пријава за „криумчарење на мигранти“

0
By Ivana on August 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инспекторите од Одделот за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера ги приведоа A.Б.(45), државјанин на Косово и Н.С.(49), државјанка на Романија, како и две косовски државјанки, а денеска до ОЈО за организиран криминал и корупција против А.Б. и Н.С. е поднесена кривична пријава, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „Криумчарење на мигранти“

Како што соопштија од МВР, вчера во 17 часот на излез од државата на граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје “ се пријавиле С.В.(42) со српска патна исправа и Л.Б.(18) со косовска патна исправа, за кои било констатирано дека не се нивни. Во нивна придружба патувала и второпријавената Н.С., која ги спроведувала двете женски лица со туѓи патни исправи, поради што трите биле приведени во полициска станица.

При извршен службен разговор, С.В. за себе дала податоци дека е Л.П.(33) од Косово, а Б.Л. дека е Е.Х.(18) од Косово и појасниле дека со провопријавениот А.Б. биле договорени тој да им организира превоз од Р. Косово до Меѓународен аеродром Скопје и да им овозможи да заминат во Р. Франција со туѓи патни исправи, за одреден паричен надомест.

-Притоа, А.Б. заедно со второпријавената Н.С., која ја претставил како негова сопруга, со возило џип „мерцедес“, со француска национална ознака ги земале од Косово и ги пренеле преку косовско-македонската граница. Н.С. ги потврдила нивните наводи и појаснила дека таа требало да им помогне да заминат за Франција, соопштија од МВР.

Оттаму дополнуваат дека по распишана потрага по А.Б., тој околу 23.30 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Белановце и по извршениот разговор комплетно го појаснил делото, додавајќи дека тој им ги дал туѓите патни исправи со цел да заминат во Франција.

По насоки на Јавен обвинител од ОЈО ГОКК Скопје, Л.П. и Е.Х. биле сместени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка, додека првопријавениот и второпријавената ќе бидат изведени пред Судија за претходна постапка

криумчарење Мигранти приведен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.