Денеска (11.11.2021) околу 06.30 часот во с.Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода С.Ј. (19) од с.Мрзенци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана, додека во дворот од неговиот дом било пронајдено пакување со прашкаста материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.