Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Признај дело, оди во затвор!

0
By Нова ТВ on April 24, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 24, 2017 13:20

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

Неделата ми започнува со различни импресии кои се влечат од минатата.

Граѓаните од Гевгелија јасно ја изразија својата волја за зачувување на животната средина во која живеат, што претставува навистина висока граѓанска свест, особено фактот што на над педесет проценти излезеност, 99% од гласачите во референдумот гласаа против отворањето на рудниците на злато во Кожуф. Тоа е едно јасно и големо “НЕ!” за жртвувањето на животната средина за лукративни цели од што некој се збогатува, а жителите остануваат без своето здравје. Како права “Индијанка” би сакала притоа да цитирам една стара индијанска изрека која вели “Само кога последното дрво ќе биде сечено, кога последната река ќе биде отруена, и кога последната риба ќе биде уловена, само тогаш ќе разбереме дека парите не се јадат.”

Во меѓувреме, во останатиот дел на Македонија, нема нешто суштинско ново. Уставниот суд треба да се произнесе за нова иницијатива. За таа поднесена од страна на министерката за локална самоуправа од редовите на ДУИ за продолжување на мандатот на градоначалниците, заради очигледниот факт што локалните избори ќе се одложат. Мандатот на градоначалниците и членовите на општинските совети не се продолжува во суд, туку на избори, кои ги распишува собранието. А собранието не може да ги распише бидејќи истото се уште не е конституирано. И ние, всушност, се уште сме во изборен процес, кој не завршил и кој тече уште пред парламентарните избори одржани на 11 Декември 2016 година. Измените во врска со течењето на мандатот за кој треба да расправа Уставниот суд требаше да се случат во собрание, и за нив да гласа новото парламентарно мнозинство, и во најкраток можен рок требаше да се распишат следните локални избори. Фактот што ДУИ одлучи ова да го проба преку Уставниот суд, јасно ја става до знаење нивната недоверба дека парламентарното мнозинство, чиј дел тие викаат дека се, брзо може да профункционира и да изгласа нова влада.

Од Јасен стигнуваат интересни вести за шефот на нашата држава кој очигледно се соочува со сé посериозни закани да биде цел на меѓународни санкции изречени од ЕУ и САД. Се спомнуваат бункери, воена состојба, апсење на пучисти, и спречување на некаков напад на “агресори” (читај “Албанци”). А се заборава најсуштинското, судењето на лица осомничени и обвинети за криминал!

Намерно се заобиколува фактот што до тука стигнавме заради сомнежите дека е сторен вистински, опиплив, голем криминал. Сега во име на нешто надреално, се заборава реалното. Во име на непостоечка опасност која се мисли дека ќе не снајде, се забораваат делата кои веќе се сторени во минатото, а некои уште се извршуваат. Во име на некаква си федерализација која би требало да настапи се заобиколува криминалот што веќе настапил и чии последици ги трпиме сите!

И тука сакам да ја опишам најинтересната импресија од минатата недела.

Во петок се одржа ново советување за пристапот кон дигиталните, класифицираните и незаконско создадените докази во кривичната постапка организирано од Здружението за кривично право и криминологија, во која учествуваа голем број судии, обвинители и адвокати. Видливо беше отсуството на Зврлевски и Гешковска, кои беа присутни во последното советување. Видлива беше и отсуството на Вангеловски, како подносител на неговите славни реферати од кои едниот се однесува токму на доказите за кои се расправаше дента во советувањето. Штета што отсуствуваше, ќе можеше да слуша интересни работи околу праксата на Европскиот суд за човекови права во однос на тие докази. Отсутен беше и адвокатот на фамилијата, Додевски, за кого сите расправи ќе беа мошне интересни да ги слуша, па и креативно да ги коментира. Најголемиот недостаток во нашето општество е тоа што не постои спремност да се слуша различно, аргументирано, и правно основано мислење. Не мора да постои согласност за сите работи, но аргументите мора да се слушаат и за нив мора да има дебата.

Меѓутоа, отсуството на овие лица не е целта зошто ја спомнувам оваа советување. Имено, воведен збор во тоа советување имаше американската обвинителка Woods, која откако го објасни своето искуство во гонење на корупцијата (кое секогаш се мери преку бројот на осудени за ваков криминал), ни посочи еден мошне интересен случај на кој работел а во кој еден висок претставник на ФБИ бил обвинет а потоа и осуден за корупција. Таа објасни дека сега осудениот (кој мошне иронично за нас се презива Ластик), бил многу почитуван чиновник на ФБИ, искусен работник и предводник на низа многу важни случаи за организацијата во која работел. Меѓутоа, бил фатен во извршување на дела на корупција. Против него имало докази кои биле класифицирани како државна тајна (во врска со кои обвинителката објасни дека не мора секогаш да бидат декласифицирани за да се употребуваат како доказ, туку може да се употребуваат и како класифицирани, според законот ЦИПА кој ја регулира употребата на овие докази во САД), кои тој ги оспорувал како недозволени и се потрудил да влијае истите да не бидат употребени. Неговото барање не било прифатено од судот кој се потпирал на правилата на ЦИПА, на што тој се жалел дека објавата на одредени класифицирани докази може да влијае на безбедноста на државата.

Знам дека звучи познато.

Не е првпат луѓето фатени во криминал да посочуваат дека безбедноста на државата е директно поврзана со нивното судење. Меѓутоа, ни ова не го спречило судењето на Ластик, бидејќи највисоките правосудни инстанции дозволиле судењето во делот на изведувањето на класифицираните докази да биде тајно. Во овој момент обвинителката ни објасни колку ретко тоа се случува и колку тешко е да се добие таква дозвола за отстранување на јавноста од рочиштето, имајќи предвид дека транспарентноста во работата на јавните институции е најзначајната карактеристика на една демократска власт. Јас се сетив на фактот што кај нас, минатата година, кога Уставниот суд расправаше за укинувањето на измените на законот за помилување, седницата ја прогласи за тајна, онака, без никакво образложение и без никаков аргумент дека тоа би било штетно за безбедноста на земјата! И тоа не беше ни прв ни последен пат без аргументи работата на судовите да се затвори за јавноста.

Да се вратам кај Ластик. Имено, обвинетиот кога ги видел аргументите со кои доказите биле оценети за валидни и употребливи, како и дека се нашло решение и за безбедноста на државата преку дозволата рочиштето во тој дел да биде затворено за јавноста, ги кренал рацете и ја признал вината. Случајот завршил со признавање на вината за која осудениот сега отслужува казна затвор.

Не слушав дека осудениот провоцирал протести на кои за целава работа некоја етничка заедница ќе се прогласи за винова за тоа што тој земал пари за поткуп. Не слушнав ни дека се заканувал со војна, со воена состојба, со бункери и терористички напади. Не слушнав да рекол дека ако тој биде осуден, САД би се распаднале и би станале конфедерација наместо да останат федерација, и би се разнебитувале. Не слушнав ни дека барал амнестија за сите како него, со цел да се спаси државата. Слушнав само дека пред фактите и аргументите, пред кои и боговите молчат, тој избрал да ја признае вината и да оди во затвор, без да ја одолговлекува понатаму спроведувањето на правдата.

И тоа е разликата помеѓу нас и успешните држави. Кај нив и криминалците знаат кога е доста и кога треба да ја признаат вината и да одат во затвор. Особено носителите на јавни функции кога се фатиле во својот криминал знаат колку е важно за државата тие да бидат казнети, знаат дека без тоа нема ни држава ни правда, не само за нив туку за никој друг. А кај нас, лицата кои ја злоупотребиле својата службена должност и извршиле тешки дела на корупција, никако не прифаќаат вина туку одлучуваат да прават сé, дури и вистински да ја разнебитат и државата и правото, само за да се спасат од казната за сторените дела.

Се додека таа пракса на неодговорност не се измени, тешко дека ќе бидеме успешна демократија. Тешко дека ќе бидеме воопшто вистинска држава. Затоа што државата која не ги гони и суди криминалците не може да се нарече држава туку само здружение на обединети мафијаши.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.