Алжирецот Ријад Марез е прогласен за најдобар фудбалер на Африка за 2016 година. Одличниот играч од средниот ред имаше фантастична сезона во која со Лестер ја освои шампионската титула во Премиерлигата. Во трката за престижното признание тој доби повеќе гласови од напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг кој победи во ланскиот избор.
Марез доби 361 бод во изборот или 48 повеќе од Обамејанг. Зад нив заврши играчот на Ливерпул, Садио Мане со 186 бода. Покрај континентаната годишна награда, Марез беше промовиран и за најдобар поединец во Премиерлигата за минатата сезона.