Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проблемот на Караџовски

0
By Биљана Секуловска on June 13, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 13, 2020 10:59

Проблемот што го има Караџовски е далеку подлабок и позагрижувачки отколку што на прв поглед изгледа. Тој проблем што тој го има и се соочува веројатно одамна, е длабоко вкоренет во системот, во политичката култура, во менталитетот, во систематското уништување на знаењето и образованието во оваа земја. Во немањето елементарна почит кон знаењето, квалификуваноста, сè е сведено на негирање и косење на луѓето со знаење и ум, со вештини, со децении исполнети со тешка работа и многу труд. Кому тоа му треба, за што таквите користат, освен за потценување, исмејување, понижување.

Мнозинството е секогаш погодено од знаењето, тоа е како да и задавате удар на бесрамноста, таа е зачудена и со уште поголема сила возвраќа, додека не се предаде нападнатиот, затоа што секогаш ќе биде истиснат од тоа мало, ситно, интелектуално џуџесто мнозинство.

Мнозинството секогаш бара одење надолу и расфрла и разбуткува се по тој пат, низ потрагата по неукоста на медиокритетите посакува силно тапост, поддржува гласна потпросечност, охрабрува и крева на рамениците само од своите, со нив се идентификува, само тие ги разбира и нив ги признава.

Оттука, барањата за оставка на Караџовски од ВМРО-ДПМНЕ, но и од дел на јавноста секако дека може да се разберат, се сфаќа мотивот, се детектира точно таа дијагноза, затоа што ништо и повеќе не може да се очекува од нив.

Се препознаваат и тие симптоми-  дури и нивната грубост која некои со право ја нарекуваат и примитивизам, онаа ароганција кога неукоста станува  водилка, она неверојатно безбразие на оние кои не знаат ништо повеќе од тоа да понудат- никому, најмалку на колективот, каков апсурд, дури и на самите на себе.

Таквите тие, бараат оставка на врвен стручњак, доктор кој работи 27 години во областа епидемиологија, човек кој испратил 13 министерски влади и којзнае уште на колку ќе им замавне само со рака, испраќајки ги, за некои со желба  да не ги види никогаш повеќе. Ќе му се подисправи за момент грбот, затоа што товарот од политиката кога е водена од незнаењето е најтешкото бреме воопшто,  ќе воздивне и можеби за првпат ќе земе со сета сила воздух.

Така многу често изгледа патеката на еден живот во оваа земја, така е и искасапен патот на најважните луѓе, ако погледнете историски. Преиспитувања, оспорувања, критики- секако дека се многу важни, но само преку дијалог, дебати, аргументи- на тие спротивставени мислења. Поинаку, настапува мрачно време- кога линчот го спроведуваат оние кои нè плашат- онаа тврдокорна неукост и глупост, која надвладеа во оваа земја и игра застрашувачки весел танц врз нашите глави.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.