Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проблемот со Бугарија е потежок од оној со Грција

0
By Нова ТВ on January 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 10, 2014 14:34

Бугарскиот министер за надворешни работи, Кристиан Вигенин денеска пристигнува во работна посета на земјава. Тема се билатералните односи кои во последните две години се во криза и се најдоа како еден од условите за Македонија во процесот на нејзината европска интеграција.

Дали оваа посета на Винегин може да се толкува како можност за решавање на проблемите кои ги обременуваат билатералните односи побаравме милсење од поранешниот шеф на дипломатијата Денко Малевски и диркторот на Европскиот совет за меѓународни односи од Софија, Димитар Бечев.

Професорот Малевски не е оптимист дека посетата на Винегин ќе го реши проблемот.

Проблемот на македонско бугарските односи е многу комплексен, покомлексен и од нашиот проблем со Грција. За жал интелектуалците ја оставија државата на цедило а политичарите се регрутираат од градинка поради што не сме во можност да формулираме автентична теза која ќе ни овозможи компетентен дијалог со Софија за да не надмине овој комплексен проблем, ни изјави професорот Денко Малевски. Според Малевски добро е да се разговара за соработка во развој на инфраструктурата и други проекти но тоа нема да доведе до решение на суштината на спорот.

Оптимизам не постои ниту меѓу експертите во Софија.

Директорот на Европскиот совет за меѓународни односи, Димитар Бечев смета дека шефот на бугарската дипломатија е наивен.

Вигенин е наивен и прави погрешна проценка дека Груевски е заинтересиран за да се деблокираат европските интеграциски процеси на Македонија. Груевски не го интересира да започне преговри со ЕУ, неговата цел сега кога Србија ќе започне преговри за членство е да покаже дека само Грците се препрека за европската интеграција на Македонија. Груевски оваа посета ќе ја искористи да рече “еве Софија ме подржува и само Атина е проблемот” ни рече Димитар Бечев.

Инаку Вигенин во Скопје ќе се сретне со неговиот домаќин, македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Поповски и ќе разговараат за билатералните проекти во инфраструктурата, економијата и регионалното поврзување.

Министерот Вигенин во дипломатската академија на Министерството за надворешни работи ќе има и обраќање на тема: „ЕУ и Западниот Балкан: предизвици во 2014 –та“.

Вигенин ќе се сретне и со собраниската група за пријателство со Република Бугарија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.