Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Процесот Телеком продолжува на 17 април

0
By Нова ТВ on April 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 5, 2013 11:48

Судењето на тројцата поранешни менаџери на унгарскиот Маѓар Телеком, обвинети за потплатување на политичари во Македонија и во Црна Гора, ќе продолжи на 17 април, кога одбраната ќе поднесе образложение на својата жалба поради одлуката дека судот во Њујорк
е надлежен во овој спор.

Обвинетите менаџери Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи преку своите правни застапници се обидоа да ја оспорат надлежноста на Јужниот окружен суд во Њујорк да постапува по обвиненијата против нив. Во февруари судијата Ричард Саливен во целост ги отфрли барањата на тројцата менаџери, по што одбраната најави жалба на оваа одлука, јавува МИА.

На рочиштето одржано на 3 април во Њујорк, судијата Саливен најави дека одбраната треба своето образложение на жалбата да го достави на 17 април, по што на почетокот на мај Комисијата за хартии од вредност на САД, која ги тужи тројцата менаџери, треба да ги даде своите контра-аргументи. Комисијата за хартии од вредност ги тужи Штрауб, Балог и Морваи дека во 2005 година дале мито на политичари од Владата на Македонија со цел да се спречи воведувањето на конкуренција на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

Тројцата се обвинети и дека ги потплатувале црногорските власти за германскиот Дојче Телеком и Маѓар Телеком да го купат црногорскиот Телеком. Одбраната го спореше правото на американските власти да тужат странска компанија, додека според Комисијата за хартии од вредност, со коруптивните постапки биле оштетени и американските акционери на унгарскиот Телеком. Меѓу аргументите на одбраната кои судот не ги уважи беа и дека тројцата менаџери се соочени со големи трошоци и потешкотии во учество во судски спор во САД, далеку од нивните матични држави.

Во меѓувреме, судот го уважи и повлекувањето на адвокатот Саул Пилчен од престижната адвокатска канцеларија Скаден Арпс од одбранбениот тим на првообвинетиот Елек Штрауб. Штрауб имаше тим од пет бранители од Вашингтон и Њујорк, од Скаден Арпс и еднакво елитната адвокатска канцеларија Хоган Ловелс.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.