Ал Џезира го осуди одложувањето на нивните барања да се ослобдат новинарите од нивниот тим, на кој денеска им се „доделени“ дополнителни 15 дена.
Продуцентите Мохамед Фами и Бахер Мохамед, како и дописникот Питер Грест се во Египет од 29. декември 2013 по обвинение дека шират лаги кои претставуваат закана за државата.
Покрај нив, уапсен беше и камерманот Мохамед Фази, кој подоцна беше пуштен на слобода.
Египетски власти во моментов во својата земја имаат задржано вкупно пет новинари на Ал Џезира. Шест месеци по ред, властите го одложуваат ослободувањето на Мохамед Бадр, и камерманот Мубашер Миср.
Петиот новинар, Абдула Ал Шами е задржан преку пет месеци.