Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжението на лидерската средба ќе биде в недела или понеделник

3
By Нова ТВ on July 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на четирите најголеми партии на лидерската средба не постигнаа договор околу клучните прашања кои треба да го одблокираат процесот на формирање на ДИК и потоа за одржување на референдум за Договорот со Грција и за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. Нов обид ќе има в недела навечер или в понеделник наутро.

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев по лидерската средба изјави дека денешните разговори траеле долго и на нив тема биле прашањата кои се суштински поврзани со референдумот, а со тоа и со формирањето на ДИК.

Заев не сакаше да навлегува во детали за кои прашања конкретно ставовите се приближени, а за кои и натаму има големи разлики, туку најави дека следната средба ќе биде в недела навечер или понеделник наутро, се додека не биде постигнат договор.

-Се двоумев дали во ова мое обраќање да навлегувам во детали и можеби ќе направам грешка за прашања за кои сме потврдиле или сме блиску до договор или за оние за кои сме далеку од тоа. Има прашања за кои лесно може да се договориме. Сите сме свесни  дека процесот е во броени денови бидејќи сакаме навремено да спроведеме референдум по кој ќе следат уставни промени за да можеме на почетокот на годината да очекуваме потврда и од Грција. Очекувам на следната лидерска средба да објавиме договор меѓу власта и опозијата, рече Заев.

Тој потсети дека сите парламентарни партии стојат зад стратешките цели на Македонија – полноправно членство во ЕУ и НАТО и за тоа како што рече компромиси нема. Тука Заев ја спомена амнестијата.

– Амнестија директна или индректна нема. Ќе дадеме шанса на дијалогот и разоворот додека е тоа можно. Парламентот продлжува да работи и разгледувањето на измените на Изборниот Законик продолжува во комисиите. Очекувам на лидерската средба да се договориме за имплементацијата за формирање на ДИК, истакна Заев.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека е оптимист, објаснувајќи дека за некои прашања постигнале напредок, а за некои не, но истакна дека треба да се даде шанса во следните денови како работите ќе се развиваат.

-Разговаравме генерално за темите кои се познати на јавноста, а се дел од преговорите уште од март. За некои имаме приближување, за некои не. Ние инсистираме на вистинските вредности и принципи, а не за декларативни заложби. Тоа подразбира почитување на законите и Уставот и да превенираме секаков обид да се изгира народот да се поставуваат повеќесмислени прашања, изјави Мицкоски и одби да говори за детали, а тоа го остави за по затворање на процесот, изјави Мицкоски.

Во однос на тоа дали амнестијата е дел од овие преговори, Мицкоски рече „не“ и оцени дека тоа е „груб обид за манипулација на јавноста“.

-Самата ситуација докажува дека сите политички партии се заинтересирани да се најде решение за надминување на разликите. Секако дека има разлики кај партиите, меѓутоа сите треба да се ангажираме да има успешна завршница на имплементацијата на Договорот постигнат со Грција. Бидејќи не се исцрпени сите опции останува да се разговара во наредните денови и очекувам сите да дејствуваат храбро и да не ја пропуштиме оваа историска шанса, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети.

За Билал Касами од Движењето Беса, „државата е во многу критична фаза“ и затоа според нив интензивните преговори меѓу партиите се многу важни. Беса активно ќе придонесе  овој процес да заврши со договор ДИК да се формира, а рефрендумот да биде успешен во однос на организацијата и за слободно изјаснување на граѓаните за Македонија конечно  да биде членка на НАТО И ЕУ, рече Касами по средбата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.