Кочанските граѓански активисти попладнево со жив штит, застанувајќи пред камионите на комуналните претпријатија од Виница, од Чешиново-Облешево и од Зрновци, не дозволија отпадот да се депонира на Градската депонија во Кочани.
Порачуваат дека ниту студот, ниту снегот не им се пречка во остварањето на правото за чист воздух. Активистите од возачите на камионите со отпад побараа да се свртат назад и да се вратат во нивните општини.
Веќе две недели во комтинуитет трае протестот и блокадата кај кочанското село Бели од страна на граѓанските активисти и жителите на Кочани. Граѓанскиот отпор им донесе депонијата да не чади, да се уреди со над 50 камиони земја, 24 часовна чуварска служба, поставување на видео надзор на депонијата, како и нелегален влез од собирачите на железо и пластика. Но, не отстапуваат од барањето нивната депонија да е за четири општини, односно не дозволуваат да се депонира отпадот од Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево.
За во среда се најавева се чека на одлуките кои ќе ги донесат советниците во Советот на Општина Кочани.




