НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува комисиската расправа за уставните амандмани без ВМРО ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on December 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Собраниската Комисија за уставни прашања денеска треба да ја продолжи расправата за четирите предлог амандмани на Уставот и извештајот што Владата го достави до Парламентот по петте јавни дебати одржани како вовед во третата и последна фаза од уставните измени, согласно Договорот од Преспа.
По јавните дебати нема големи промени на четирите амандмани.
Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект.
Со вториот во Преамбулата на Уставот зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор.
Во третиот се наведува дека “Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”, а четвртиот се однесува на иселениците и во него се предвидува дека “Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“.
Парламентарни партии во оваа трета и последна фаза имаа право за поднесување амандмани на уставните амандмани, за што рокот беше до саботата доцна попладне. До Собранието на Република Македонија во законскиот рок пристигнале седум амандмани и тоа два од Алијанса на Албанците, еден од Беса, еден од пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири и три од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Амандмани не поднеле пратеничките групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ.
По завршувањето на дебатата во Уставната комисија, предлог амандманите треба да бидат разгледани и изгласани на пленарна седница. Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека се очекува да биде закажана по божикните празници, најрано на 9 јануари. Се очекува целиот процес на уставни измени да биде завршен во средината на јануари. Уставните амандмани се носат со двотретинско мнозинство што се очекува да биде постигнато во Парламентот.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров вчера на првиот ден од расправата во Уставната комсија рече дека е убеден оти инклузивниот процес со внесување на сите одржливи сугестии може да обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот.

Тој оцени дека процесот на јавна дебата за уставните измени беше спроведен и организиран со максимална инклузивност и подготвеност за прифаќање на секое разумно и рационално дополнување и усовршување на предлозите за амандманите во духот на Договорот од Преспа.

– За време на дебатите беше потврдено дека предложените уставни измени и амандмани се прифатливи и од аспект на идентитетските одредници утврдени во уставот и дека сите предложени решенија се во рамки на нашата уставно-правна традиција и терминологија, изјави Димитров.

Ги повика пратениците да бидат креатори и да бидат запаметени како оние што ја ставиле земјата во нова реалност на меѓународните односи, како земја со автентична улога и став и земја учесник и креатор на сопствената судбина.

– Мислам дека направивме се за еден исклучително деликатен процес како Влада да ги вклучиме сите други, затоа што нашиот природен интерес беше да се сподели оваа одговорност и со претседателот на државата и со опозицијата во Собранието. Потпишувањето на договорот е во согласност со член 119 од Уставот и членот 3 од Законот за меѓународни договори, изјави Димитров.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, пак, кажа дека тие нема да учествуваат во понатамошните фази на процесот за уставни измени кој, како што рече, е повеќе фарса, отколку право.

– Како пратеници немаме мандат да учествуваме во обидите за менување на уставот што е спротивно на референдумската одлука. Ние во понатамошниот тек од уставните измени нема да го поддржиме нелегитимниот процес и нема да учествуваме во понатамошната постапка на рушење на македонската држава, изјави Мицевски. Според него, договорот не извира од македонските интереси, туку дека е наметнат од друга страна и Македонија и Собранието се ставени пред свршен чин.

амандмани Уставна комисија уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.