Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува процесот на вакцинација, ако има потреба вакцини ќе се набавуваат и од „Торлак“

0
By Нова ТВ on April 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 21, 2021 07:39

Продолжува процесот на вакцинација во земјава. Досега, заклучно со 18 април вакцинирани се 7.020 здравствени работници со прва и 6.750 со втора доза на вакцина против КОВИД-19. Од 31 март, кога почна вакцинацијата на населението за лицата над 73 години вакцинирани се 13.575 лица. Од 5 април, пак, почна масовната вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде се вакцинирани вкупно 18.376 лица. Во земјава пред два дена стасаа 10 илјади вакцини од „Фајзер“, а во текот на месецов се очекуваат и од останатите производители. Земјава има направено нарачки на над 2 милиони вакцини, но од вчера, доколку за тоа се укаже потреба, вакцини ќе може да набавиме од Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Србија.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој вчера беше во посета на Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ во Белград, истакна дека тој ќе биде местото каде ние за секоја понатамошна нарачка на вакцини може да се обратиме и согласно капацитетот може да сметаме дека ќе има доволно количини и за нашите граѓани.

-Договоривме Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград во периодот пред нас да биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против Ковид-19. Многу е веројатно оваа вакцина да стане сезонска, рече министерот Филипче на заедничката прес-конференција во Белград со неговиот српски колега Златибор Лончар.

Филипче посочи дека имале одличен состанок и разговаравме за повеќе теми.

– Се разбира дека вакцинацијата и ситуацијата околу пандемијата беше приоритет во разговорите. Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да застане. Многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане и сезонска и имајќи го сега сето ова искуство и проблемите што ги имавме со набавката на вакцините досега, на ваков начин да ги надминеме таквите проблеми, потенцира Филипче.

Се очекува до 5 јули да бидат произведени околу милион дози вакцина „Спутник В“ во овој институт, од кои, како што рекоа надлежните во Србија, еден дел од количнините би можел да биде издвоен и за земјава.

Филипче се заблагодари во името на Владата и граѓаните на Република Северна Македонија на, како што рече, братскиот српски народ за значајната донација на вакцини, процес кој беше организиран благодарејќи на министерот Лончар, на српската премиерка Ана Брнабиќ и посебно на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во Србија досега против Ковид-19 се вакцинирале нешто под 15.000 државјани на Северна Македонија.

– Најмалку што можеме да направиме за македонските граѓани кои се вакцинираа против КОВИД-19 во Србија е да ја добијат втората доза тука и во најлош случај да бидат ревакцинирани на местото каде што се вакцинирале. Тоа е наш принцип, но секогаш можеме да се договориме да ги отстапиме вакцините за ревакцинација и втората доза да ја добијат во нивната земја ако им е полесно, порача српскиот министер Лончар.

Тој нагласи дека граѓаните на Северна Македонија кои имаат желба да одат да се вакцинираат во Србија тоа може да го направат само преку порталот е-управа или доколку земјата спроведува нови акции. Ако нема никаков друг основ тогаш граѓаните не треба да одат во Србија.

Како што изјавија во неколку наврати надлежните во земјава, согласно сите досегашни договори  земјава има нарачано и обезбедено 2 милиони и 600 илјади вакцини. По 800 илјади вакцини треба да стасаат преку системот Ковакс и директниот договор со „Фајзер“, потоа по 200 илјади руски и кинески вакцини, 100 илјади вакцини кои треба да дојдат како помош од системот на солидарност преку Европската Унија и 500-те илјади вакцини на „Синовак“ кои треба да стасаат во мај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.