Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува трошењето за Скопје 2014

0
By on May 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 22, 2013 16:29


8 милиони евра чини опремувањето на новиот Археолошки музеј, кој се наоѓа во новиот објект на Уставниот суд, на кејот на Вардар.

Ангажирана за набавка и монтажа на витрините за музејските експонати, видеонадзорот, комплетната инсталација и друго е фирмата „Бетон“ од Штип, која и единствена доставила понуда на тендерот, што го распишало Министерството за култура.
Според податоците на Бирото за јавни набавки, договорот, Министерствто за култура го склучило на 8 милиони евра за „изведување на градежно занаетчиски работи со ентериерна обработка за музејска поставка“, како што стои во документот. Истовремено, Министерството потпишало договор и со Градежниот институт „Македонија“ да врши надзор при опремувањето.

Градежен Институт Македонија А.Д. 82 081 евра

ГТД Бетон – Штип 8 092 414 евра

Од Министерството за култура објаснуваат дека тие се задолжени за реализација на градежно-занаетчиските работи со ентериерна обработка за музејска поставка за делот од објектот, а избраната компанија има обврска целосно да го опреми Музејот.

„Тоа значи опремување на музејската поставка со специјално изработени витрини за чување на археолошките и музејските експонати, опремување на музејскиот простор со аудио и видеосистеми, видеонадзор, поставувања на облоги на подовите, плафоните и ѕидовите (со сите неопходни браварски, столарски, молеро-фарбарски, подополагачки и керамичарски услуги), целосно поставување на комплетната инсталација и опрема во делот на термотехника, електротехника, хидротехника, ППЗ, како и набавка на мебел и опрема потребни во музејската поставка“, велат од Министерството за култура .

Според Никола Наумовски од невладината „Плоштад Слобода“ – ова најново трошење на Министерството за култура не е изненадувачко.

„Ние, зградите од Скопје 2014, ги нарекуваме кулиси на корупцијата. Ако се има предвид дека само за изградба на зградата на Уставниот суд се потрошени 25 милиони евра, колку што е основниот договор, ако објектот има 7 илјади квадратни метри, тоа значи дека еден квадратен метар на овој објект чини 3, пол илјади евра.
Со овие нови 8 милиони евра значи дека по метар квадратен се потрошени 1150 евра.“, вели Наумовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.