Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продуцентот Вајнстин исклучен од Академијата за филмски награди

0
By Нова ТВ on October 15, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американската филмска академија, која ја доделува наградата Оскар, го исклучи од своите редови продуцентот Харви Вајнстин, кој последниве денови се соочи со низа обвинувања за силување и за сексуално вознемирување.

Претходно, и Британската филмска академија го исфрли од своето членство.

-Академијата сака да се огради од некој кој не ги почитува своите колеги. На овој начин сакаме да испратиме порака дека ерата на сексуални предатори и на малтретирање на работното место е минато за нашата индустрија. Ова е навистина голем проблем, за кој нема место во општеството, Управниот совет продолжува да работи за воспоставување на етички стандарди на однесување и од сите членови на Академијата се очекува да ги спроведуваат, се вели во соопштението на Академијата, во чиј борд од 54 члена речиси половина се жени.

Филмовите што ги продуцираше Вајнстин добија над 300 номинации за Оскар и освоија 81 статуетка.

Исклучувањето на 65-годишниот Вајнстин од најпрестижната филмска организација следува по објавените текстови во „Њујорк тајмс“ и „Њујоркер“ во врска со низата обвиненија за силување и сексуални вознемирувања, кои датираат уште од 80-те години.

Харви Вајнстин – падот на кариерата на еден моќен филмски продуцент

Вајнстин Оскар секс скандали Филмска академија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.