Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. Прешова за оставката на Ристоска: Ова е пораз на системот – ваква одлука е изнудена

0
By Zoran Ivanov on April 2, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 2, 2026 17:28

Денис Прешова: Следејќи ја дебатата во врска со новите закони во сферата на јавното обвинителство, особено поврзано со мнозинството потребно за избор на т.н. Републички јавен обвинител и членовите на Советот на јавни обвинители кои ги бира Собранието, не можам да се изначудам на едно “вкоренето“ толкување на Амандманот X со кој е изменет членот 69 од Уставот. Имено, во релевантниот дел на оваа одредба кој се однесува на кворумот за одлучување во Собранието се предвидува дека

„Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.“
Во конкретниот контекст оваа одредба се толкува во насока на тоа дека за именување на Републичкиот и членовите на Советот од страна на Собранието со закон не може да се предвиди мнозинство различно од посоченото со уставната одредба бидејќи Уставот не предвидел такво нешто. Но, за волја на вистината Уставот воопшто нема ништо предвидено односно воопшто не предвидува никакво мнозинство за именување или избор на овие функции додека во конкретните закони уште од 2007 година воопшто не е регулирано потребното мнозинство за избори или именување. Тоа ја отвара дилемата зошто законодавецот не би можел со конкретните закони да предвиди повисоко мнозинство, на пример квалификувано мнозинство, за избор или именување. Оваа дилема станува уште подлабока имајќи предвид дека според сегашното решение Републичкиот и членовите на Советот можат практично да бидат избрани со 40 гласови во Собранието, односно со релативно мнозинство како што сега предвидува член 69 од Уставот. Само ако присуствуваат сите 120 пратеници ќе треба 61 глас за избор.
Најинтересно е што Венецијанската комисија во своето мислење по повод двата закона, за јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители, го има „прифатено“ ваквото толкување и поради тоа сега се тврди дека всушност Венецијанската комисија ни укажува дека за избор со квалификувано мнозинство, што е некаков меѓународен стандард, Уставот треба да биде изменет. Но, не е баш така. Не само заради нелогичноста на толкувањето туку и поради тоа што, ако внимателно се чита, Венецијанска во своето мислење на одреден начин се оградува и вели „Венецијанска комисија беше информирана…“ за ваквото толкување на уставната одредба и доколку тоа е точно тогаш треба да се измени Уставот. Но, тие што ја информирале не и пренеле на Венецијанска дека, на пример, со измените на Законот за АВМУ во 2018 година се предвиди дека членовите на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ се бираат со квалификувано мнозинство во Собранието, или пак, дека уште од 2007 година Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците има долга листа на закони за кои е предвидено гласање со двојно, односно Бадинтерово мнозинство, иако добар дел од тие законите не спаѓаат во областите утврдени со став 2 од сегашниот член 69 од Уставот (култура, употреба на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите, а дополнително со член 114 и законот за локална самоуправа). Исто така, за Законот за Собранието дополнително во текот на постапката беше предвидено дека треба да биде донесен со двојно мнозинство.
Поентата е дека ваквото толкување на уставната одредба не е соодветна бидејќи создава многу чудно двојство и вештачки разликува носители на функции кои Уставот ги споменува но не го регулира мнозинството потребно за нивен избор или именување и носители на функции кои Уставот не ги споменува и за кои Собранието е слободно со закон да го определи потребното мнозинство за нивни избор или именување. Прилично апсурдно, нели.
Уставниот амандман никако не е и не може да биде ограничување на законодавецот во предвидување и регулирање на посебно мнозинство за избор. Амандманот има за цел да обезбеди минимална поддршка и мнозинство во Собранието за одлучување додека Собранието со законите може да предвиди потребно мнозинство за избор или именување доколку смета дека тоа е потребно, се разбира, доколку во Уставот тоа мнозинство веќе не е утврдено. Ако Уставот е нем во однос на потребното мнозинство тогаш сметам дека нема пречка таа празнина да биде пополнета од страна на законодавецот. Во спротивно може да ни се случи Републичкиот да го именуваат и со помалку од 61 пратеник.
Сето ова многу повеќе наликува на користење на уставните одредби за политички пазар отколку на релевантно и соодветно толкување на Уставот. Всушност може да се каже дека станува збор за „конституционализација“ на политичкиот договор помеѓу „големите“ политички партии да се толерира изборот на „свој“ или партиски подобен кандидат за Републички и во Советот. Сметам дека конечно е дојдено времето со закон да се предвиди квалификувано мнозинство за именување на Републичкиот јавен обвинител и избор членовите не Советот на јавни обвинители и ова треба да биде и барање на опозицијата за нивна поддршка на ЗЈО кој се носи со квалификувано мнозинство. Утрешната јавна расправа за ЗЈО ќе биде првиот тест за тоа дали се има ваква визија во Собранието и помеѓу партиите или ќе продолжиме да робуваме на анахроно уставно толкување базирано на ригиден правен формализам од кој премногу долго патиме и кој веќе пречесто се користи за задоволување на партиските математики и агенди.
Се надевам дека кандидатот предложен од Владата за Републички јавен обвинител ќе добие квалификувано мнозинство при именувањето во Собранието и дека ќе се покаже дека и не е така невозможно да се најде кандидат кој може да го премости политичкиот јаз меѓу парламентарното мнозинство и опозицијата.

Извор: Фејсбук

денис прешова став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.