Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професори во служба на лагата

0
By Борјан Јовановски on September 14, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 14, 2018 13:57

Во отсуство на аргументи, а за лични интереси, главните протагонисти на кампањата #бојкотирам од “интелектуална елита”, во јавноста се почесто истапуваат со манипулации и ширење на лажни вести кои сами по себе ја контаминираат јавната расправа која во случајот е повеќе од нужна, имајќи ги предвид историските димензии на одлуката која треба да ја донесат граѓаните на Македонија.

Ваквото компромитирање на веќе ископромитираната “елита” сместена удобно во универзитетските кабинети, дополнително придонесува за дискредитацијата на високообразовните установи, особено УКИМ, кој не успеа да се пласира на Шангајската листа, со што го интензивира започнатото одвраќање на талентираните ученици и нивно испраќање како капацитети надвор од границите на државата.

Неодамна имавме ситуација кога при една пар ексаланс манифестација на демократска култура на министерот Димитров. кој од екранот на Сител одговараше во живо на сите граѓани околу сите дилеми поврзани со Преспанскиот договор, универзитетската професорка Тања Каракамишева се обиде свесно да го манипулира јавното мислење, правејќи конструкција за да го дискредитира министерот Димитров.  Имено, Каракамишева преку социјалните мрежи се обиде да го исмее Димитров соопштувајќи дека тој наводни изјавил дека “ неговата патриотска должност било да го смени името од Република Македонија во Република Северна Македонија”.

 

Како аргумент за овој нејзин пост на социјалните мрежи Каракамишева приложува линк од весникот Република познат како дистрибутер на лажни вести, инаку основан од фирма во Белизе.

Во обид да и укажам на професорката дека шири лажна вест што е крајно недолично за една универзитетска професорка, на Каракамишева и приложив видео запис од кој многу јасно се слуша и гледа што министерот кажува, а што е сосема поинаку од она што професорката го тврди.

Како одговор добив неколку навреди и Ад Хоминем интервенции, повторно вон етичките рамки, не само на академската титула со која располага, туку и вон рамките на елементарно домашно воспитување.

На моето инсистирање да се изјасни околу вистинитоста на нејзиниот пост и повикувајќи ја на јавна дебата на темата, Каракамишева одговори блокирајќи ме од расправата и пристапот до нејзината твитер сметка.

Каракамишева на ФБ отвори нова страница со наслов “Почитувај ја Македонија” и таму споделува запис од лажен твитер профил “Јана на Ники малата” на која се злоупотребува фотографијата на 19 годишната ќерка на министерот Димитров.

 

Во сличен стил уште една универзитетска професорка, Биљана Ванковска свесно се обиде да ги манипулира чувствата на граѓаните. Таа на својот ФБ профил по инцидентите пред Собранието кога дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите, сподели слика од повредена жена која  е преземена од  српски интернет портал со јасна цел да се дискредитира полицијата како и актуелното политичко раководство.

Ставот и мислењето на Ванковска за било која партија или влада е сосема легитимен дури и неопходен за една здрава јавна дебата ако доаѓа од академските кругови. За жал, Ванковска одбра да ја злоупотреби академската титула и свесно да шири лажни вести со цел да ја манипулира јавноста што е во директен конфликт со вокацијата и етиката на академската заедница.

Примери за вакво грубо кршење на академската етика има уште многу од таканаречени професори по разните приватни универзитети. Јас ги пренесувам овие два случаја со оглед дека станува збор за најстариот и најкредибилен универзитет кој го носи името на просветителите  Кирил и Методиј, кој со ваков професорски кадар ризикува да ја урне сета традиција и вредности кои во него се создавани во изминатите децении. Наместо благородната просветителска мисија да биде ставена во одбрана на јавноста и јавниот дискурс од опсадата на лажните вести кои удираат во кревките темели на македонската демократија, во случајот имаме примери истите да бидат користени како најмоќно орудие на другата страна од фронтот.

За крај мал коментар за новата ФБ страница на професорката Каракамишева. Која Македонија да ја почитуваме професорке? Онаа на лагите или онаа на фактите и вистината?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.