Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професорски пленум: Најсрамен ден во историјата на УКИМ

0
By Нова ТВ on July 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 1, 2016 14:16

Професорскиот пленум (ПП) најостро го осудува начинот на којшто вчера се одвиваа изборите за нов претседател на Студентскиот парламент при УКИМ (СПУКМ).

– Членовите на Професорскиот пленум се шокирани од фактот дека гласањето не беше прекинато и покрај забележаните неправилности:

-непостоење на избирачки список, како основен инструмент за одвивање на гласањето, немање паравани за обезбедување тајност на гласањето;

– гласачки ливчиња без печат и без потпис;

– учество на лица, ниту вработени ниту студенти на УКИМ, во организирањето и во спроведувањето на изборите, како и вршење притисок од нивна страна;

– насилно одземање на гласачките кутии и нивно дислоцирање од местото на гласањето без претходно пребројување на гласачките ливчиња.

Членовите на Одборот за гласање ја злоупотребија својата положба и дозволија продолжување на гласањето со што реализираа незаконски избори. Ова е тежок срам за УКИМ и за Студентскиот парламент, а уште повеќе за оние кои ги подучиле и ги охрабриле да употребат вакви незаконски и насилнички методи во изборниот процес, се вели во соопштението.

Професорскиот пленум најостро ги осудува директното вмешување во изборниот процес и бруталната тортура од страна на Специјалната единица за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи (ЕБР) врз претставниците на Студентскиот пленум кои искажуваа незадоволство од изборните неправилности. Со тоа МВР стана соучесник во криминалниот чин.

Бараат од Ректорот, Ректорската управа и Сенатот на УКИМ, односно раководните лица и тела на единиците при УКИМ да не ги признаат вчерашните криминални избори. Вчера беше нанесена катастрофална штета на угледот на УКИМ и на правата на студентите. За таа цел Професорскиот пленум бара итни седници на овие тела со единствена точка на дневниот ред – разгледување и средување на оваа скандалозна состојба.

Неопходна е итна и категорична реакција за спречување на натамошно продлабочување на оваа срамна ситуација. Сега е последен момент сите наставници и студенти да го прекинат индиферентниот однос и да се вклучат во одбраната на начелата на законитоста и моралитетот.

Професорскиот пленум бара итно преземање на одговорност од сите што спроведуваат, оправдуваат и простуваат самоволие и насилство.

Професорскиот пленум бара владеење на правото и на неселективната правда.

Професорскиот пленум бара почитување на правото на говор, на правото на слободна и на критичка мисла.

Професорскиот пленум бара создавање услови за слободно изразување на волјата на студентите.

Во спротивно, Професорскиот пленум ќе бара неотповиклива и итна оставка на членовите на Сенатот и на Ректорот и на сите одговорни лица кои без конкретна акција и реакција на вчерашните настани ќе ја продолжат оваа агонија, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 14, 2026

Скопје: Кривичниот суд објави кога на Никола Груевски му застаруваат делата

ВЕСТИ April 14, 2026

Кривичниот суд попладнево во соопштение информираше за тоа кога застарува извршувањето на сите изречени казни…

Филипче: Паѓаат автократите – по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

April 14, 2026

Песков: Русија нема да му честита на Маѓар бидејќи Унгарија е непријател / Маѓар: Ако ми се јави Путин ќе кренам

April 14, 2026

Маѓар и до Груевски да ја заобиколи ИКЕА: Унгарија нема да биде засолниште за криминалци

April 13, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.