Претседателството на Египет прогласи вонредна состојба, откако голем број луѓе беа убиени кога безбедносните сили упаднаа во протестните кампови во Каиро, jaвува Би-Би-Си. Во Египет е комплетен терор, изјавил за овој медиум еден локален жител.
Камповите биле окупирани од страна на приврзаници на поранешниот претседател Мохамед Морси, кој беше симнат од власта во почетокот на јули.
Безбедносните сили велат дека 95 луѓе биле убиени. Но Муслиманското братство, кое ги поддржа протестите, вели дека стотици умреле.
Вонредната состојба е предвидено да трае еден месец.