Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прогонот врз верска основа во Македонија – продолжува

0
By Нова ТВ on April 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 22, 2013 13:06

Американскиот Стејт Департмент го објави својот редовен извештај за состојбата со почитувањето на човековите слободи во Р. Македонија.

Најголем акцент е ставен на неуспехот на властите да го почитуваат владеењето на правото, што првенствено се огледува во мешањето во судството и медиумите, во селективниот судски прогон на политичките неистомисленици на владата, како и во значителното ниво на корупција во владата. Во извештајот е нагласено дека полицијата се наоѓа над законите, а политичкото мешање во судството, судската пристрасност, неефикасноста и корупцијата го забавуваат владеењето на правото.

Како еден од најгорливите проблеми, извештајот не пропушта да го спомне и малтретирањето на притворениците и затворениците од страна на полицијата и затворските чувари, лошите услови и преголемиот број на затвореници во државните затвори, како и доцнењето во овозможувањето на правни советници на притворените и кривично гонетите. Извештајот јасно кажува дека затворските установи не ги исполнуваат меѓународните стандарди, се во руинирана состојба, а затворениците се сместени – како што се наведува – во мизерни, нехигиенски и опасни услови, а некои се заклучени во келија по 23 часа на ден.

Извештајот на Стејт Департментот го цитира и извештајот на Комитетот за заштита од тортура на Советот на Европа, којшто остро го критикува третманот на затворениците и бара тие да не бидат сместени во услови еднакви на самица.

Потсетуваме дека Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, со сериозни здравствени проблеми, веќе една година и пет месеци се наоѓа токму во такви притворски услови (23 часа заклучен во келија), за коишто Советот на Европа утврдува дека се „еднакви на самица“!

Извештајот на Стејт Департментот понатаму нагласува дека законските регулативи забрануваат произволно апсење и притворање, но тоа не се почитува, па произволното апсење и притворање и понатаму остануваат отворен проблем. Извештајот наведува дека иако Уставот и законите гарантираат независно судство, сепак владата врши политички притисок и заплашување врз судството. Архиепископот охридски Јован во последниве десет години, од страна на споменатите судови бива затворен шест пати, против него се водат низа политички монтирани судски процеси, а минатата година спектакуларно беа апсени и со лисици приведени голем број монаштво и верници на Архиепископијата. Исто така, со монтирани судски процеси, во 2012 г., на која и се однесува Извештајот на Стејт Департментот, беше проширен државниот прогон врз верска основа и против останати Епископи, свештеници, монаштво и верници на Православната Охридска Архиепископија.

Во врска со слободата на говорот, Стејт Департментот повторно нотира дека иако Уставот и законите гарантираат слобода на говорот и печатот, властите се тие коишто во пракса не секогаш покажуваат почитување на ова право, а владиниот притисок врз медиумите продолжува да биде проблем!

Последиците од непочитувањето на човековите права коишто се загарантирани со Уставот и законите на Р. Македонија, Православната Охридска Архиепископија и нејзиниот Претстоител, Архиепископот охридски Јован, ги поднесуваат повеќе од една деценија. Повеќе од една деценија, во однос на Православната Охридска Архиепископија, преку еднострано информирање, со многу ретки исклучоци, се спроведува систематска кампања на говор на омраза.

Тортурата врз верска основа кон припадниците на Православната Охридска Архиепископија, преку постојаните политички мотивирани затвори за Архиепископот охридски Јован, преку судски процеси кон речиси сите Епископи, кон монаштво и верници на Православната Охридска Архиепископија, како и преку бесправното одбивање на нејзината регистрација во македонското судство – продолжува!

(Текстот е преземен од интернет пораталот на ПОА)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.