Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната плата на национално ниво во април оваа година во споредба со април лани пораснала за 10,9 проценти и изнесува 31.525 денари.

Статистиката покажува дека кај највисоките просечни плати, исто така, имало покачување на годишно ниво. Програмерите кои се најплатените работници забележале зголемување кај просечната плата од 12,5 проценти и нивната просечна плата изнесува 82.240 денари.

Најниската просечна плата, пак, и натаму е во делот на заштитни и истражни дејности. И кај нив пораснале платите за 13,7 проценти, но просечната плата се уште им е под минималецот и изнесува 17.940 денари.