Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пролетни средби на ММФ и СБ: Мерките на НБ придонесоа за јакнење на стабилноста на банкарскиот систем

0
By Нова ТВ on April 10, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуките и мерките на Народната банка донесени од почнувањето на корона-кризата наваму се позитивно оценети на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, коишто се одржуваат виртуелно.

На состанокот помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка со тимот на Одделот за монетарни и финансиски пазари на ММФ, тие беа подетално разгледани. Притоа, од тимот на Одделот на ММФ беше истакнато дека одлуките и мерките на Народната банка во целост се во согласност со очекувањата и насоките на ММФ.

На состанокот, како што соопшти Кабинетот на гувернерот, беше истакнато дека одлуките и мерките придонесоа за задржување на финансиската стабилност, а истовремено и за обезбедување значителна кредитна поддршка за граѓаните и компаниите. Притоа беше напоменато дека влогот на Народната банка за финансиската стабилност е очигледен, особено преку стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор, којшто претставува најголем дел од финансискиот систем.

За дел од мерките на Народната банка од изминатиот период беше посочено дека значително придонесоа и за подобрени услови за кредитна поддршка од банките.

-Сега, каматите на кредитите во нашиот банкарски систем се едни од најниските во регионот, што како што беше нагласено на состанокот, е особено важно во текот на ваквата криза. Соговорниците разговараа и за тоа дека може да се очекува и натамошно намалување на цената на кредитите на банките, по последното намалување на основната каматна стапка на Народната банка, што ќе придонесе за натамошната поддршка на граѓаните и компаниите и економијата во целина, се вели во соопштението. 

Со тимот на Одделот за монетарни и финансиски пазари на ММФ се разговараше и за регулаторните измени коишто ги направи Народната банка со цел да се овозможи привремено олеснување на финансискиот товар за корисниците на кредити коишто се погодени од пандемијата. Притоа, беше посочено дека со измените се придонесе за одложување на отплатата на 44 отсто од кредитите, што е значително повисоко од просекот во ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.