Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на сликовницата „Памук“ на Ѓоко и Ника Гавровски

0
By Zoran Ivanov on March 26, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 26, 2026 14:27

Промоцијата на авторската сликовница „Памук“ на Ника Гавровска и Ѓоко Гавровски во издание на „Гаврош“ ќе се случи вечерва, 26-ти март во 19:00 часот во Културно-информативен центар во Скопје 

„Памук“ е современо авторско издание, проект што ги спојува литературата и визуелната уметност во една „вистинска бајка“ за растењето, домот и сеќавањето.

Изданието е производ на хибридна визуелна техника што спојува рачно изработени минијатурни сетови, ликови базирани на куклена изработка и фотографска илустрација. Секоја сцена во „Памук“ е изградена, осветлена и фотографирана како мал филмски сет резултирајќи со уникатна атмосфера и визуелен универзум што се доживува и како книга и како филм во движење.

Во наративна смисла приказната е дистописка алегорија за патувањето на малиот штрк Памук и неговото семејство во свет, напуштен од луѓето каде што патот кон дома е заборавен, а со тоа и самото значење на зборот „дом“.

Со поетска нарација и филмска длабочина, оваа „вистинска бајка“ ја следи авантурата на Памук во потрагата по заборавеното сеќавање и древните патeки што некогаш ги воделе сите птици. Најповеќе од сè оваа приказна ја следи тивката, внатрешна авантура на Памук – неговото созревање и бавното откривање на сопствениот пат.

Ника Гавровска е авторка на сликовницата „Бел“ (2019), илустрираната книга „Бамбино“ (2022), илустрираниот зборовник „Збор по збор“ (2022) и графичкиот роман „Ветерната приказна“ (2023).

Ѓоко Гавровски е мултимедијален уметник. „Памук“ е негова прва книга во која Гавровски се појавува како автор на ликовното обликување и визуелната концепција на изданието.

Промотор на изданието е проф. д-р Кирил Пенушлиски и ќе биде придружена со изложбена поставка на оригиналните експонати и минијатурни сценографии користени во процесот на создавање на книгата, овозможувајќи така, увид во материјалниот и визуелниот слој на делото.

Промоцијата ќе вклучи и разговор со авторите за процесот на создавање на книгата како и за нејзиниот концептуален и визуелен пристап.

 

гавровски КИЦ Промоција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.