Полицијата вчера пронашла човечки труп во фаза на распагање во атарот на охридското село Велмеј, а телото се поврзува со исчезнувањето на 14 годишната Маја Блажеска од селото Лешани, иако засега официјално не се потврдува оваа информација.
На теренс се судските вештаци кои се обидуваат да го утврдат идентитетот на пронајденото тело, а исходот од овие мерки ќе покаже дали се работи за истиот случај, како што веќе се шпекулира во полициските кругови.
Исчезната Маја Блажеска последен пат била видена на 12 Ноември годинава кај селото велмеј, истото село каде што сега е најден безживотниот труп. Оттогаш на Маја и се губи трага, а таткото ја пријавува во полиција за исчезната.
Ова не беше прво исчезнување на 14-годишната Маја Блажеска. Претходно таа побегна во Скопје и беше пронајдена кај момче кое го запознала на Фејсбук, по што полицијата ја врати дома. По второто исчезнување во потрагата по Маја се вклучи и Интерпол.




