Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пронајдени 19 тела од паднатиот авион на Камчатка – ќе се идентификуваат преку ДНК

0
By НОВА ТВ on July 7, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Спасувачките екипи пронајдоа тела на 19 жртви од падот на патничкиот авион Ан-26 во Камчатка, објави ТАСС, повикувајќи се на информации од руските служби.

„Спасувачките екипи досега пронајдоа тела на 19 жртви. Може да биде потребно генетско тестирање за да се идентификуваат повеќето од нив. Досега е идентификувано едно лице“, открил извор на агенцијата. Вкупно во авионот имало 28 лица, од кои шест членови на екипажот и две деца. Нема преживеани од несреќата.

Вчера беше објавено дека патнички авион Ан-26 исчезнал од радарите над рускиот полуостров Камчатка на далечниот исток. Авионот на локалната авиокомпанија летал од Петропавловск-Камчатски кон селото Палана кога исчезнал од радарите. Остатоци од авионот подоцна беа пронајдени на брегот, на неколку километри од аеродромот во Палана.

Прогласена е тридневна жалост на територијата на Камчатка поради падот на патничкиот авион. Државните знамиња на Русија и територијата Камчатка ќе бидат спуштени на половина копје од 7 до 9 јули. Од телевизиите и радијата, како и од културните институции, беше побарано да ги откажат забавните програми и настани.

авион Камчатка Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.