Нуркачите денеска пронашле остатоци од две тела на бродот Коста Конкордија. Се претпоствува дека се работи за последните двајца исчезнаи патници од кризерот кој на 13 јануари минатата година се преврте во близина на островот Џилјо.
Во моментот на несреќата на бродот имало 4 229 паници и членови на екипажот, а животот го загубија 32 луѓе. Не се пронајдени келнерот по име Расел Ребело и патничката Марија Грација Трекариќи.
-Најверојатно се работи за овие исчезнати лица, но со сигурност може да потврдиме дури откако ќе стигнат резултатите од ДНК анализата, изјавил Франко Габријели началник на Агенцијата за цивилна заштита.
Коста Конкордија цели 20 месеци остана накривена во водата, а кога ја исправија пред десет дена, нуркачите влегле внатре во потрага по двете жтрви на несреќата.