Published: Saturday, November 9, 2013 18:45
Момчето кое падна во провалија во близина на изворите кај реката Бабуна, е пронајдено и префрено во болница јавува Канал 5. Нема информации каква е неговата здравствена состојба.
Момчето за кое наводно е од Скопје, било рекреативен планинар и заедно со група планинари од Битола се движеле кон Солунска глава.
Сеуште нема детали за инцидентот, а целата акција за негово спасување се одвиваше со помош на хеликоптер кој требаше да го извлече од провалијата.
Нема повредени меѓу деветмината планинари од Битола кои денеска се таму.




