Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проневера со картички – шестмина уапсени

0
By Нова ТВ on July 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 4, 2013 15:19


Петмина прилепчани и еден Бугарин изработувале лажни платежни картички и украле повеќе од два милиона денари, соопшти МВР. Осомничените се уапсени во средата во полициската акција „Винкор“.

Осомничените од декември лани до јули годинава незаконски набавиле уреди за снимање банкарски податоци – скимери и украле банкарски податоци од вистински платежни картички, јавува Макфакс.

Според досегашните докази, измамниците 19 пати ги монтирале скимер уредите на банкомати марка „Wincor“ на домашни банки лоцирани во Скопје, Прилеп, Неготино, Битола и Охрид и прибавиле податоци од 829 платежни картички и со тие податоци изработиле лажни картички.

Со нив извршиле 475 успешни нелегални трансакции во износ поголем од два милиона денари и 574 неуспешни во износ од над 2,6 милиони денари.

„Кога не можеле некоја трансакција да ја реализираат во земјава, пријавените лица со фалсификуваните платежни картички вршеле нелегални трансакции на банкомати и на продажни места во други земји од регионот, како Бугарија и Србија, но и во земји како Малезија, Перу. Регистрирани се и случаи кога податоците на украдените платежни картички од вистински носители на платежни картички ги продавале преку Интернет со коишто, пак, податоци биле вршени нелегални трансакции од страна на непознати лица“, велат од МВР.

Во среда во Прилеп извршени се шест претреси во домовите на осомничените и пронајдени се четири скимери, уред за изготвување фалсификувани кредитни картички, 55 фалсификувани платежни картички и друга опрема за правење и подготовка на скимери. Исто така, е пронајден еден лап топ компјутер кој е користен за подготовка на фалсификувани кредитни картички и два десктоп компјутера.

Во домот на еден од осомничените бил затекнати Бугаринот кој додека престојувал во земјава поставил два скимера на банкомати на домашни банки во Прилеп и неколкупати во други градови во Македонија.

Тој бил задолжен за испраќање на податоците преку интернет во други земји, заради нивна натамошна злоупотреба.

Тројца од пријавените македонски државјани веќе и’ се познати на полицијата, бидејќи и порано биле апсени за фалсификување на платежни картички.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.