Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пропагандна (само)цензура

0
By Marija Todorovska on March 28, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трагедијата во Кочани, за нас, е трагедија од голем размер. Се случува пред нас, меѓу нас и на некои од нас. А, сликата која се конструира за неа, е како да е снимена на некое далечно место, во некое далечно време, во отсуство на технологија, кога секоја фотографија била бесценета. Затоа што, перцепцијата која треба да ја изградиме, како резултат, пред се’ на електронските медиуми и нивното “покривање” на настанот е сведена на кратка пропагандна порака за “ликот на трагедијата”.

Никица Корубин

Помпеја, во близина на Наполи, е еден од најголемите и најдобро истражени археолошки локалитети, каде речиси “во живо” го гледаме животот на луѓето од пред речиси 2000 години, како резултат на конзервираната состојба како последица на ерупцијата на вулканот Везув во 79 год. н.е. Целата катастрофа и страдање на луѓето стануваат видливи за археолозите, а преку десетиците документарни серии и за сите нас, не како некрофолија, туку како елементарно и емотивно восприемање на историско сведоштво на животот, обичаите и културата на нечии предци. Сеќавање, таа исконска и иманентна емоција.

Слично, како и нападот на “кулите близначки” во Њујорк, во 2001 година, кога илјадници човечки трагедии, во незапамтена катастрофа ги следевме во директен пренос, на сите светски медиуми. Како директно сведоштво, за вистинско разбирање на размерот на катастрофата, преку личните трагедии, кои се еднакво тешки, како и колективниот шок, од нападот и рушењето на еден од симболите на Њујорк. Не, како некрофилија, туку како елементарно информирање за случувањата на драматичен настан.

Трагедијата во Кочани, за нас, е трагедија од голем размер. Се случува пред нас, меѓу нас и на некои од нас. А, сликата која се конструира за неа, е како да е снимена на некое далечно место, во некое далечно време, во отсуство на технологија, кога секоја фотографија била бесценета. Затоа што, перцепцијата која треба да ја изградиме, како резултат, пред се’ на електронските медиуми и нивното “покривање” на настанот е сведена на кратка пропагандна порака за “ликот на трагедијата”.

Лик кој е сведен на наметнатата причинско-последично врска: сликата на последицата е – “слика на трошна куќа (дискотеката) од два агли”, а причината за трагедијата е – “сликата на виновникот”: поранешниот министер за економија во лисици. Ова се двете “сцени” кои се задолжителна илустрација во сите прилози, емисии, анализи поврзани со разни аспекти на трагедијата.

Таа пропагандна матрица, на “сто пати повторена слика – станува (пот)свест” само говори за размерот на (само)цензурата која е на дело, за една од најголемите трагедии кои се случиле кај нас. Тоа што Кочани е на 100 км од Скопје, очигледно е непромостлива дистанца, па повеќето информации и импресии, за тоа што се случувало реално во моментот и пост-трауматски можеме да ги дознаеме, само од профили на социјални мрежи на локални жители од регионот или од бугарскиот пратеник, а не од наши медиуми, кои на трагедијата се реферираат како на службен настан, а не настан кој вклучува лични трагедии и судбини. Да не ја вознемируваме секојдневноста, со вистината, да ја смириме со заборавот.

И во таа “игра” на сурова контрола на емоциите, на размер на контрола на наративот, се чини дека е логично од преку 30 осомничени, ние визуелно да гледаме само еден или двајца, улиците и луѓето на Кочани да ги гледаме низ призмата на “двата агли на трошната дискотека”, а за трагедијата да читаме сведоштва, прилози и интервјуа од странски медиуми. Никако и по никоја цена, не смее да се посети Кочани, предалеку е од Скопје. А, особено не од страна на ниту еден електронски медиум, да сними нешто надвор од проектираната “слика за трагедијата”.

И доколку, партиите не решеа да го суспендираат собранието на две недели, оваа “слика” ќе беше малку осветлена. На седницата за пратенички прашања, оваа трагедија ќе го имаше целото внимание. И на пратениците одговор ќе мораа да им дадат и министрите и премиерот и јавниот обвинител. Надзор на дело. Без цензура и без пропаганда. Сурово и сирово, жестоко и драматично, емотивно и трагично, примитивно и диво, затоа што тоа е вистинската слика и за Кочани и за Македонија и за сите нас.

И тоа е “сликата на трагедијата” со која мора да се соочиме, а не онаа која наменски се гради. Историјата е сеќавање, а тоа никој, никогаш не успеал да го избрише. Прашање е колку сакаме да бидеме присутни во сопствената сегашност, која ќе биде наша историја. За бегање секогаш е лесно, тешко е да се остане. Свесен и совесен.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

Кочани Никица Корубин Трагедија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.