Проруски хакери нападнале веб-страници на неколку институции и владини министерства во Италија, соопшти италијанската полиција.
Италијанската сајбер-безбедносна група Yarix во соопштение рече дека нападот бил извршен во синоќа од хакерската група позната како Killnet.
Рано утрово сè уште не беше можно да се пристапи до веб-страниците на италијанското Министерство за надворешни работи и на Националното здружение на судии.
Ројтерс објави дека сличен напад се случи на 11 мај, а минатиот викенд полицијата соопшти дека спречила сајбер-напад на последните фази на натпреварот за песна на Евровизија во Торино.