Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проширувањето на дневен ред вечерва, нема знаци на флексибилност кај Франција

0
By Нова ТВ on October 17, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 17, 2019 13:07

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ја утврди агендата на дискусиите на дводневниот Самит на ЕУ. За проширувањето ќе се разговара за време на вечерата, по дискусиите за Брегзит, кои би требало да се одвиваат побргу од очекуваното откако Брисел и Лондон постигнаа договор пред малку.

Според висок функционер на Европската Унија инволвиран во подготовката на самитот, Франција засега не покажува знаци на флексибилност, но претседателот Доналд Туск е решен да се обиде да постигне компромис. Сепак, предупредува овој извор, ризикот да не се дојде до договор е реален и не треба да се потценува.

Доналд Туск бил во контакт со францускиот претседател Емануел Макрон кој му кажал дека нема промена на неговиот став, порачуваат во ЕУ. Франција исто така не сакала воопшто да се разговара за проширувањето на самитот, но Туск смета дека темата мора да се отвори затоа што во прашање е кредибилитетот на ЕУ на Балканот и пошироко.

– Да не се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија би била грешка и прашањето не е што мисли Европската Комисија или што мислат земјите членки, туку прашањето е да се постигне консензус. Дипломатите стравуваат дека може на самитот да се повторат гневните дебати на оваа тема што ги видовме на министерско ниво, вели висок дипломатски извор на брифинг со новинарите утрово.

Од Брисел истакнуваат и дека ако се дојде до компромис, почетокот на преговорите нема да се случи пред 2020-та година.

Што се однесува до Франција, нејзиниот став, според овие извори, е дека е потребна реформа на методологијата на преговорите за членство, но дипломатите потврдуваат дека Париз дури сега го става на маса овој предлог, а не кога започнаа дебатите во јуни минатата година.

Сепак, се чини дека има доста широк консензус кај другите земји дека е прифатливо да се размислува за промена на методологијата, но и дека тоа не треба да ги држи во заложништво земјите кандидати.

Од Доналд Туск се очекува на маса да ги стави и Скопје и Тирана. Според него, тоа е најдоброто решение, но, иако не е кажано експлицитно, раздвојувањето на земјите може повторно да биде предложено вечерва и од Туск.

– Се согласувам дека Северна Македонија направи неверојатни работи со промената на името, одговара дипломатот на прашањето за можно раздвојување.

Пред почетокот на денешниот лидерски самит на ЕУ во Брисел, германската канцеларка Ангела Меркел во германскиот парламент Бундестагот, даде изјава во која на самиот почеток се осврна и на темата проширување на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

Taa повторно се изјасни во прилог на давање европска перспектива на Северна Македонија и на Албанија. Германија чувствува посебна приврзаност кон земјите од Западен Балкан и сака да ги приклучи кон ЕУ, истакна Меркел, според која приемот на земјите од Балкан е во интерес на Германија и на самата ЕУ. Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие земји, истакна Меркел, зашто тоа ќе значи и обезбедување стабилност и благосостојба на самата ЕУ.

Ние имаме одговорност кон овие држави, рече Меркел:

„Мислам дека се исплаќа на на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива.”

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.