Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проширувањето на ЕУ се враќа на дневен ред во Брисел

0
By Нова ТВ on December 14, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последен обид на германското претседателство ќе има во среда да се усвојат заклучоците за проширувањето на ЕУ, вклучително и за Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што потврдија за МИА од Советот на ЕУ во среда ќе се одржи нов амбасадорски состанок на кој на дневен ред се ставени заклучоците за проширувањето, кои беа отстранети минатата недела поради блокадата на Бугарија за преговорите Македонија.

Дискусијата за проширувањето беше целосно симната од дневен ред поради несогласувањата помеѓу земјите членки на ЕУ, посебно поради ставот на Софија дека не може да се одржи првата меѓувладина конференција за пристапни преговори со Македонија без решавање на билатералните спорови.

Оваа недела германското претседателство ги враќа заклучоците за проширувањето на дневен ред. Тука спаѓаат и другите земји од западниот Балкан заедно со Македонија.

Нејасно е во овој момент каков компромис ќе предложи германското претседателство. Извесно е дека претседателството подготвува нови заклучоци, но овие сѐ уште не се објавени, и МИА не е запознаена со нивната содржина за сега./МИА.

Главната информација што циркулира веќе две седмици во дипломатските кругови во Брисел е дека се бара компромис околу формулација поврзана за „погрешна интерпретација на историјата”.

Додека претседателството на ЕУ смета дека оваа реченица треба да биде сместена во уводот за сите земји од регионот, Софија, според дипломатски извори, сака таа да биде вметната специфично за Северна Македонија, повикувајќи се на дамнешни заклучоци, од 2018 година кога се усвоија договорите за добрососедство со Грција и Бугарија.

Останува сега да се види каков компромис предлага германското претседателство.

Последните нацрт заклучоци исто така гласат дека првата меѓувладина конференција треба да се одржи „што е можно поскоро” со Северна Македонија и со Албанија, но за Албанија со дополнителни услови.

Одредени земји членки на ЕУ инсистираат да се одвојат Скопје и Тирана, доколку не може да се надмине бугарската блокада, и да се даде барем формално зелено светло за Албанија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.