Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прославата може да започне- полицијата предупредува без пиротехника

0
By Нова ТВ on December 31, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 31, 2013 09:05

МВР упати апел до сите граѓани на Република Македонија да се воздржат од користење на пиротехнички средства за време на новогодишната ноќ.

Полицијата најави за сите оние кои ќе го прекршат законот и ќе го нарушат јавниот ред и мир ќе се соочат со санкции како и парични казни.

Оние кои ќе прават огномети без мерки за безбедност ќе им се изрече казна од 100 до 400 евра во денарска противвредност, додека пак за оние кои ќе пукаат од огнено оружје ќе им се изречат казни од 200 до 500 евра.

Екипата на НОВА вчета го посети реонот на Бит-пазар, каде по инцидентите во неделата кога во полициската акција за собирање петарди полесно беше повреден и еден полицаец, се се одвиваше мирно. Односно петарди и други пиротехнички средства се уште се продаваат, и тоа во присуство на полицијата.

На самото место каде што во неделата се случи инцидентот, вчера пукаа петарди и огномети.

Полицијата изминатиов перид врши секојдневни контроли со цел спречување на нелегалната продажба на пиротехнички средства. Во текот на последниов месец, полицијата заплени околу 200.000 парчиња.

Загрижува честото пукање на петарди во централното градско подрачје поради што се препорачува зголемена внимателност кај граѓаните.

Калиопи, Тијана Дапчевиќ, музичкото дуо „Куку Леле“ и младиот изведувач на народни песни Мустафа Имери ќе ги забавуваат граѓаните вечерва кои Новата година ќе ја дочекаат на плоштадот „Македонија“, забавата започнува во 21 часот.

И оваа година, точно на полноќ, небото над Скопје ќе биде осветлено со спектакуларен огномет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.