НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на новинарите пред Владата

18
By Нова ТВ on March 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници (ССНМ) денеска напладне организира протест на новинарите пред Владата.

Причината се “заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, од страна на висок партиски функционер на коалициониот партнер во владата, ДУИ, Бекир Асани. Контроверзниот Асани ужива углед на недопирливост и неказнивост, а неговите последни навреди и закани упатени кон Селмани имаат цел да ги заплашат сите новинари”, пишува во повикот до новинарите и Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ:

“Ова не е само протест за поддршка на колегата Насер Селмани кој е изложен на сериозни закани и притисок, туку и порака до сите граѓаните кои се загрижени за окрепнувањето и чувањето на темелните вредности на правната држава како слободата на говор и владеењето на правото. СИТЕ КОПИЛИЊА НА ПЛАДНЕ ПРЕД ВЛАДА!”

Бекир Асани е познат по нападот на полицајката Јасмина Јаначковска. Првите информации велеа дека Асани физички ја нападнал Јаначковска. Но таа ова го демантираше и се сликаше со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и рече дека самата се удрила во “пајакот” кој требал да ја крене лошо паркираната кола на Асани. Најголемиот дел од јавноста остана со убедување дека припадничката на полицијата била под закана за да изјави дека Асани само вербално ја нападнал.

Згора на ова, денес беше објавено интервју на Асани за порталот Мактел. Во интервјуто тој со погрдни зборови и сексистички го напаѓа претседателот на Здружението на новинари  (ЗНМ) Насер Селмани, го нарекува „копиле” и “дно”:

“Имам порака за Селмани – ако е маж и знае да навреди, тогаш треба да прифати навреда. Ако имало закана од брат ми, не треба да се плаши. Јас сум тој што треба нешто ако треба за заканите. Не е убаво наутро да е маж, а навечер да легнува како жена. Нека биде маж и нека не оди потоа да плаче по амбасадите. Ако било тоа, да сум прифатил навреда од Насер, нека биде тогаш фитбекот и кон него од мене”, вели Асани.

Ова следува откако претседателот на ЗНМ реагираше на ФБ за нападот врз Јаначковска пишувајќи дека  “правната држава клекна пред еден силеџија, поддржан од ДУИ”. По, ова како што напиша повторно самиот тој, му се заканувал братот на БекМВРир Асани за што пријавил и во полиција.

“Не е прв пат да добивам закани и да бидам провоциран од луѓе на ДУИ. Не сум ги објавил јавно заканите затоа што не сум сакал во ниту еден момент силеџиите да помислат дека навистина им се плашам.
Ги пријавувам заканите во полиција чисто да оставам трага ако некој од силеџиите на ДУИ се обиде да ги реализира нив”, напиша Селмани на што уследија вербалните навреди на Асани во интервјуто на Мактел.

Тогаш реагираше и опозицската ВМРО-ДПМНЕ. Партијата најостро ги осуди заканите кои му биле упатувани на Селмани и го обвини МВР за инертност и неодговорност.

Денес реагираше и СДСМ со осуда на “секаков вид на говор на омраза, навреда или понижувања врз кој било граѓанин на Република Македонија. СДСМ ги осудува нападите врз новинарската фела и нападите кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Новинарите имаат значајна улога во градењето и унапредувањето на демократските процеси и оттаму, нападот врз новинарите е напад врз слободата на говор и демократските вредности”, пишува СДСМ.

На крајот на соопштението СДСМ му испраќа порака и на Асани иако неговото име во соопштението не е споменато:

“Јавните личности мора да бидат внимателни во своето однесување и јавни настапи, и да имаат предвид дека од тоа како се однесуваат јавните личности зависи и мислењето за граѓаните за нив, по тоа ги проценуваат и вреднуваат”, пишува во соопштението на СДСМ.”

На овој линк се текстовите на НОВА за овој случај.

Асани закани ЗНМ ССНМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.