Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на студентите во Белград

0
By Нова ТВ on October 7, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протест на околу 2.000 студенти во Белград пред министерството за образование против измените на Законот за високо образование усвоени на почетокот на септември.

Студентите се незадоволни поради помалиот број рокови за полагање и бараат да продолжи финансирање од буџетот на апсолвентскиот стаж, проблеми кои се јавија поради измените во Законот за високо образование.

И покрај разговорите со претставници на Министерството за образование, засега не е постигнат договор за барањата на студентите. Најавени се нови протести во понеделник, на 13 октомври.

Од српското Министерство пак велат дека е неразбирливо зошто студентите излегуваат на протести дури еден месец по усвојувањето на новиот закон и додаваат дека остануваат отворени за сите предлози.

Организаторите на протестот се Студентската конференција на универзитетите од Србија како чадор – организација на студентите, како и студентските парламенти на Универзитетот во Белград и Универзитетот за уметности.

Краткорочните барања на студентите се во учебната 2014/2015 година да се дозволат 6 задолжителни испитни рокови, а студентите кои се запишани во прва година во учебните 2010/2011, како и 2011/2012 да го задржат правото да бидат финансирани од буџетот најдолго до една година по истекот на редовниот рок за студирање, како што било и досега.

Долгорочните барања пак се да започне да се работи на нов Закон за високо образование со активно учество на студентските претставници, како и да се бараат долгорочни решенија за проблемот со квалитетот на наставата, обемните и недоволно дефинирани студиски програми и курсеви.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.