Додека надлежните се амнестираат од одговорност за загадениот воздух во Скопје, денеска граѓани-активисти самоиницијативно се собраа во центарот на градот за да го изразат својот револт поради непреземањето мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, делејќи бесплатни маски. Евидентно е дека дел од граѓаните ја прифатија идејата и жалејќи се на лошиот квалитет на воздухот, земаа маски од пунктовите.
Неколку невладини организации и граѓански здружение меѓу кои „Аман“, „8 Септемвти“ и неколку женски организации истакнаа дека денеска никој од вработените во државните институции кои им препорачуваат на граѓаните да не ги користат своите возила, не дошол на работа пеш или со велосипед.
Тие најавија дека ќе продолжат со своите активности со цел подигнување на свеста на граѓаните.
Пунктовите се поставени низ централното градско подрачје и се распоредени на најфреквентните места.
Граѓаните кои ги интевјуираше НОВА се жалат на потешкотии при дишењето. Велат дека препораките на градските власти да останат дома не можат да ги почитуваат бидејќи имаат обврски и мораат да излезат надвор. Во воздухот се чувствува смрад и тешко се дише, ситуацијата е најлоша во попладневните часови и навечер.




