Група граѓани што е собрана на протестот пред Владата, го пробија кордонот на полицијата на чело со братот на Мартин Нешковски, и во моментов се во дворот на Владата.

Тие извикуваат „Убијци убијци“. Револтот кај граѓаните се создаде по денешната бомба на опозицијата со која лидерот Зоран Заев посочи дека убиецот на Мартин Нешковски за време на победата на ВМРО ДПМНЕ бил на службена должност наспроти тврдењата на власта дека приватно бил на местото.

Во моментот истакнат е транспарент со фотографија на министерката Јанкуловска од денешниот разговор: „Се нервирам што ни убиство не можеш да сокриеш“.

Се повеќе граѓани се приклучуваат на протестот, има и студенти, и македонски и албански знамиња како и луѓе од сите возрасти.