Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест пред Влада: Синдикатите на полицијата и Армијата бараат усогласување на платите со минималната

0
By Ivana on February 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 26, 2022 14:42

Синдикатите на полицијата и Армијата денеска преку протест пред Владата побараа итно усогласување на платите со минималната за работниците во Министерствата за внатрешни работи и одбрана. Побараа и  распоредување на припадниците на војската низ институциите откако ќе наполнат 45 години како што е предвидено со Законот за служба во АРМ.

Тие најавија дека доколку не се исполнуваат нивните барање, по две недели пред Владата ќе постават шатори.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев истакна дека со овој протест пренесуваат дека оваа состојба веќе е неиздржлива во полицијата и очекуваат брз одговор и од премиерот и од вицепремиерот Фатмир Битиќ, министерот за внатрешни работи. Упати покана до Македонскиот полициски синдикат и Синдикатот на полицијата на Македонија да им се придружат на протести во наредниот период.

– Ова кршење на законот, овој начин на пресметка кој е во моментот е во МВР е начин со кој ние денеска излегувајќи на предупредувачки протест пренесуваме и до министерот за внатрешни работи, но и до премиерот дека треба да го застанеме овој начин на изразување на револт и протест, начин кој ќе видиме понатаму како ќе го усогласиме, рече Делчев.

Претседателот на независниот синдикат на професионалните војници, Аднан Алити истакна дека овој протест е предупредување до Владата и министерот за внатрешни работи да го одржат ветувањето од 2019 година за дел од припадниците согласно законот кои ги исполнуваат условите да бидат префрлени во Гранична полиција. Тој посочи дека не бараат ништо повеќе, туку само да се испочитува Уставот и законите во нашата држава.

– Срамота е во 21 век, демократска држава да ги остави Армијата и полицијата да излезат на улица. Дента кога ја соблековме цивилната облеа и ја облековме униформата и дадовме заклетва дека ќе се бориме за оваа држава, знаевме дека нема да бидеме како другите граѓани и оти за нас нема да има ниту сабота ниту недела, нема да има ниту Нова Година, Божиќ и Бајрам. Ние сме првите тие што секогаш сме на браникот на татковината, ние сме тие што ја чуваат границата, ние сме тие што секогаш сме тука кога има некоја елементарна непогода – поплави, пожари. Веќе неколку години, Независниот синдикат на професионални војници на Македонија континуирано во релација на Владата и Министерството за одбрана работи на решавање околу Законот за служба во АРМ член 40а каде што согласно законот е предвидено припадниците на Армијата после 45 години да бидат распоредени во други институции. Во 2018/2019 процесот почна  добро, каде што дел се префрлија во затворска полиција, судска полиција, пожарна, и други институции. Но, две години нема скоро никакви активности за дел од припадниците, рече Алити.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.