Поаѓајќи од официјалните резултати, кои покажуваат алармантна загаденост на Тетово со 17 пати поголемо од дозволеното, како и неможноста да се дише заради загадениот воздух на ниво на труење, граѓаните на овој регион најавуваат голем протест со цел да се стави крај на канцерогеното загадување на жителите на овој крај.
Протестот ќе се оддржи во недела (29 Декември) центарот на Тетово во 11.55 часот.
Времето на оддржувањето на протестот е намерно избрано 5 до 12 за да испрати порака до сите граѓани, жители на Тетово и околните општини дека пред нас се последните 5 минути за да се освестиме и да реагираме пред да биде многу доцна, соопштуваат иницијаторите на протестот. Нивните барања се:
1. Владата да ги затвори сите поголеми загадувачи се до имплементирањето на еколошките стандарди од нивна страна преку вградување соодветни филтери.
2. Итно решавање на проблемот со дивите депонии во Полошкиот регион
3. Општинските и владините инспекции за животна средина да ги казнуваат сите оние лица кои несовесно палаат гуми и друг материјал во општините Тетово, Теарце, Јегуновце, Желино, Боговиње и Брвеница.

Целта не е затворање на индустриски капацитети, туку истите да ги исполнуваат еколошките стандарди кои се предвидени во Акциониот план за заштита на животната средина, кои се услов за членство во ЕУ.
Повикани се сите граѓани на Тетово и Полошкиот регион да го кренат својот глас преку излегување на протест во недела и во наредниот период, се до исполнување на барањата.
„Ова мисија мора да биде исполнета како превентива од канцерогените и респиративните заболувања, кои ги носи овој ниво на загадување. Ние, без разлика на политичка, идеолошка, верска, етничка и друга припадност мора заедно и енергично да реагираме за да обезбедиме побезбедна средина за живеење не само за нас туку и за идните поколенија“, велат организаторите на протестот.




