Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест: Студентите бараат одговорност во МВР и итна реакција на УКИМ

0
By Нова ТВ on July 1, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 1, 2016 23:27

„Срам!“ Ова е зборот кој стотици демонстранти едногласно го скандираа пред просториите на Студентскиот Парламент вечерва. Професори, родители,  роднини и останати граѓани, денеска на мирен собир пред Студентскиот Парламент изразија поддршка на Студентскиот Пленум, кој и ден по одржувањето на скандалозните избори за студентски лидер не престанува со бојкотот и алармирањето за фалсификувани избори.

dostatepatestudenti
Граѓани со поддршка за студентите

Студентите денеска пред СПУКМ првенствено и се обратија на полицијата за вчерашната прекоумерна употреба на сила врз нив, со цел гласачките кутии да се внесат во просториите на Студентскиот Парламент. Бараа полициските сужбеници да понесат одговорност, а Ректоратот на УКИМ веднаш да ги осуди изборите и да ги исклучи од своите органи и тела студентските претставници избрани од Студентскиот Парламент.

-Вашата униформа значи обврска да ги штитите граѓаните на Република Македонија. Вашата униформа значи да ги спроведувате Уставот и законите, вашата униформа значи дека при пријава на кражба на фалсификувани избори, не треба да ги тепате тие кои ги пријавиле. Имавте должност да ги заштитите граѓаните на Република Македонија, не да ги тепате нејзините деца, рече студентката Ивана Туфегџиќ во обраќање до полицијата.

Таа побара студентите да добијат записник за вчерашната акција и образложение кој наредил да се тепаат студентите.

sram
Една од присутните студентки, ги покажа модриците на телото пред демонстрантите, за кои тврди дека се последица на насилието на полицијата

Пленумци се револтирани и на односот на дел од професорската фела, за која велат дека останала „нема“ на вчерашните случувања.

-После се она што се случи тука, немате повеќе лице на УКИМ, не сте пожелни професори кои се продадовте за безпари, оставка! Им порача на професорите студентот Исмет Шабановиќ.

По час и половина протест пред СПУКМ, каде на прозорците завршија неколку фрлени јајца, студентите одлучија протестот да го продолжат на Универзитетот „Кирил и Методиј“.

Движејќи се низ Центарот на Скопје тие изразуваа негодување за експресната реакција на полицијата која ги обезбедуваше со обична полиција објектите на Собранието и Министерството за надворешни, а со специјални единици и штабот на ВМРО-ДПМНЕ од страната на Рекорд каде што и помина колоната демонстранти.

5
Специјалци го чуваат штабот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ

Движејќи се кон УКИМ, студентите ја потсетуваа полицијата која ги следеше за уставната автономост која е загарантирана на Универзитетот. Кога демонстрантите влегоа во дворот на УКИМ, полицијата остана надвор, по што се скандираше „Автономија“.

-Ова е време кога не смееме повеќе да се криеме позади ништо. Досега можевме да ги свиткаме кичмите, но од денеска сметам дека сите, особено професорите треба да кажат дека се на страната на правото, на демократијата и на страната на легалните избори на Студентскиот Парламент. Се надевам дека сите ќе собереме храброст да ја сочуваме автономијата на единствениот најстар Универзитет, рече професорката Синоличка Трпкова на платотото пред УКИМ.

Студентите најавија собир пред Ректоратот на УКИМ во 8 часот во понеделник, за кога е закажана вонредна седница на Ректорската управа. Тие очекуваат сите професори, членови на универзитетскиот Сенат едногласно да ги осудат изборите и да побараат одговорност од Студентскиот парламент.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Орбан му честиташе на Петер Маѓар: Тиса со двотретинско мнозинство победи на изборите во Унгарија

ВЕСТИ April 12, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му ја честиташе изборната победа на лидерот на Тиса, Петер…

Унгарија: Орбан во политичка историја

April 12, 2026

Будумпешта: Опозицијата во надежна попбеда на потсизборен митинг

April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

April 12, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.