Балони полни со црвена боја се фрлени кон седиштето на владејачката полска конзервативна партија за време на демонстрациите поради законот за абортус, соопшти денеска полската полиција.
Во центарот на Варшава, доцна синоќа, кон просториите на партијата Право и правда фрлени се 11 балони наполнети со боја, додека стотина лица, претежно жени, маршираа низ градот барајќи либерализација на законот за абортус.
Протести се одржани и во другите градови на Полска.
Актуелниот закон забранува абортус, освен во исклучителни случаи, а Парламентот ја разгледува можноста законот да биде уште построг.