Масовен протест се одржа вечерва во Велес на граѓаните кои излегоа да искажат своето незадоволство од општата аболиција за политичарите што ја прогласи претседателот Ѓорге Иванов и од закажаниот термин на изборите кој не гарантира фер и демократски изборен процес.
Со транспаренти „Никогаш повеќе ваква власт“, велешани побараа оставка од Иванов поради срамниот обид да за аболиција на врхушката од власта, отпочнување процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори.
Утре продолжуваат протестите во Скопје, а најавени се демонстрации во повеќе градови.