Земјоделците денеска поставија рок од 24 часа за средби со министерот за земјоделство Михаил Цветков со министерот за финансии Кирил Миновски и со директорот на Платежната агенција, Игор Златков, во спротивно ќе почнат со блокирање на Скопје со сета механизација со која располагаат.
Тие денеска протестираа во Скопје поради неисплаќањето на субвенциите и тоа во подолг период. Некои земјоделци тврдат дека не зеле субвенции дури од 2012 година.
Денеска од 12 до 13 часот земјоделците од цела Македонија ги блокираат патните правци Кочани-Штип, Градско-Прилеп, Прилеп- Битола и Радовиш-Струмица.