Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протестен марш во Струмица против отворање на рудникот Иловица

0
By Нова ТВ on June 16, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 16, 2018 15:02

Под мотото „Струмица и Струмичко против рудникот на смртта“ денеска во Струмица се одржа протестен марш против отворањето на рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“.

Учесниците на маршот рекоа дека нема да дозволат отворање на рудник бидејќи тоа ќе влијае на нарушување на целокупната еко рамнотежа во Струмичкиот регион.

– Се собравме денес да го искажаме нашиот револт пртив отворањето на овој рудник. Нема да дозволиме да се отвори рудник, рече Мите Белмезов, учесник на протестот. Костадин Ристоманов од Здружението „Здрава Котлина“, организатор на протестниот марш, изјави дека се тука за да ја охрабрат Владата да донесе одлука за раскинување на договорот со концесионерот.

– Јас се надевам дека Владата ќе постапи како што очекуваат сите граѓани, рече Ристоманов.

Протестниот марш, кој се одвиваше по улиците на Струмица, заврши пред седиштето на концесионерот на Рудникот „Иловица-Штука“, компанијата Еуромакс ресоурсис“. По завршувањето на протестниот марш со реакција се огласија од компанијата „Еуромакс ресоурсис“. Оттаму велат дека Рудникот за бакар и злато е целосно безбеден за животната средина и здравјето на граѓаните и е пример за одговорно и модерно рударство.

„Еурмакс ресоурсис“ одговорно тврди дека рудникот за бакар и злато во Иловица-Штука ќе се развива согласно највисоките стандарди за животната средина, согласно законите во Република Македонија и највисоките меѓународни принципи. Додаваат дека нивните реномирани акционери, меѓу кои и Европската банка за обнова и развој како најголем поединечен акционер, бараат запазување на дополнителни критериуми за заштита на животната средина и над барањата на домашното законодавство.

– Имајќи ја предвид загриженоста на заедницата, одлучивме да не користиме цијанид во постапката, иако оваа постапка е целосно безбедна, а нема да се користи ни сулфурна киселина. Ќе користиме само процес на флотација, кој веќе се користи во Македонија и е целосно безбеден процес, дополнуваат од „Еуромакс ресоурсис“.

 

Иловица протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Региструран умерен до силен емјотрес во Романија

February 26, 2026

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026
ФОКУС
February 26, 2026

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот Извештајот за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

ВЕСТИ February 26, 2026

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи…

22 години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

February 26, 2026

Рокас го откачи Мицкоски за ЕУ без право на глас – прво обврските па членство

February 25, 2026

Филипче: Мицкоски велеше ДУИ се криминалци а што се случи, се договориле со Груби

February 25, 2026
ТИКЕР

Региструран умерен до силен емјотрес во Романија

February 26, 2026

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.