Бучава од кујнски прибор, тапан, свирежи и вувузели повторно одекнаа пред зградата во која живее премиерот Никола Груевски, јавува репортерката на НОВА, Славица Филиповска.
Движењето “Граѓаните за Македонија“ велат ќе продолжат со притисокот се додека премиерот и неговата влада не си поднесат оставка.
Демонстрантите на протестите носат и испринтани флаери, на кои пишува цитати од владините функционери, кои може да се слушнат во прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата.

Се очекува да се обратат дел од активистите присутни на протестот и да се пуштат неколку аудио-снимки кои ги обелодени досега лидерот на опозицијата, Зоран Заев.
Зградата на премиерот ја чува кордон силно полициско обзбедување, а протестот се одвива мирно.
Ова е втор ваков протест пред домот на премиерот Никола Груевски, откако на 24-ти овој месец демонстрантите спроведоа иста акција пред неговата зграда.





