Популарната „Пластичарска улица“ е вечерва блокирана од повеќе десетици луѓе. Улицата е забранета за минување, а демонстрантите користат палети како барикади.
Очигледно е поголемо присуство на полицијата, на истата улица каде што пред неколку дена се протестирапе поради прекин на струјата, откако од ЕВН откриле дека се кради струја.
Од ЕВН за НОВА велат дека моментално има дефект на трафостаница поради преоптовареност на мрежата, а вработените биле излезени на терен со цел да го решат проблемот. Меѓутоа, оттаму информираат дека демонстрантите не им дозволиле да се интервенира, и не дозволиле да се стави осигурувач.
Не станува за намерно исклучување на електричната струја, туку главниот проблем е преоптовареноста.
Во моментов струјата не може да се вклучи, а точното време до кога ќе трае прекинот не се знае, бидејќи непознато е до кога ќе трае и протестот.




