Движењето за социјална правда „Ленка“, Левичарското движење „Солидарност“ и други левичарски иницијативи изразија поддршка на случувањата во Босна како и пошироко на Балканот, во сите нивни акции и барања како и во начинот на кој што го изразуваат незадоволството.
Левичарски здруженија денеска организираат протест пред амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје, во знак на поддршка на босанските граѓани кои неколку дена демонстрираат за социјални права. Протестот, кој ќе се одржи во 17 часот.
„Ги осудуваме сите медиуми кои сакаат да фрлат црна дамка на овие пролетни цутови во социјалното будење на обесправените работни и безимотни маси. И апелираме до обичните граѓани да ги игнорираат истите.
– Солидаризирајќи се со нашите другари, ја повикуваме работничката класа и безимотните маси од нашата држава да го следат примерот на нивните другари од Босна како и од регионот и да излезат на улиците да им стават крај на овие неправди.
– Ако се чувствуваш обесправен! Ако се чувствуваш искористен, излажан, експлоатиран, изманипулиран, ограбен, изрази го својот револт!“, се вели во соопштението од „Ленка“ и „Солидарност“




